September 30, 2026 | | Свет
Од официјалниот профил на „Ballon d’Or“ појаснија дека освојувањето на Лигата на шампиони не е неопходен услов за добивање на престижната индивидуална награда. „Дали мора да ја освоите Лигата на шампиони за да го освоите трофејот? Одговорот е не“, објавија од „Ballon d’Or“. Историјата го потврдува тоа. Од досегашните 69 изданија на наградата, само 21 освојувач во истата година ја освоил и Лигата на шампиони, што претставува 30,4 проценти. Тоа значи дека во 69,6 проценти од случаите, освојувачот на Златната топка не бил шампион на Европа во истата сезона. Лигата на шампиони може да има значително влијание врз гласањето, но според официјалниот „Ballon d’Or“, освојувањето на трофејот не е предуслов за Златната топка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |