Дали Реал беше оштетен за пенал и кој го сопна Винисиус? (ВИДЕО)

December 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дали Реал беше оштетен за пенал и кој го сопна Винисиус? (ВИДЕО)

Реал Мадрид вчера одигра нерешени 3-3 на гостувањето кај Рајо Ваљекано во рамките на 17. коло. За домаќините погодија Унаи Лопез, Абдул Мумин и Иси Палазон, а од редовите на Реал Мадрид стрелци беа Валверде, Белингем и Родриго. Моментот кој привлече внимание беше оној во 75. минута кога Винисиус беше срушен во шеснаесетникот на Рајо, но кој всушност го сруши? Многумина тврдат дека требало да има удар од белата точка за Реал Мадрид, но снимките покажуваат дека всушност Винисиус првично бил фаулиран од неговиот соиграч Белингем, а потоа минимален контакт имало од противничкиот играч. Сепак, како и во многу други ситуации, секој може да гледа различно на ваквите ситуации.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.