Дани Олмо е на чекор до трансфер во Манчестер Сити!

July 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дани Олмо е на чекор до трансфер во Манчестер Сити!

Дани Олмо игра одлично Европско првенство каде во првиот состав го замени повредениот Педри и се покажа одлично каде постигна три гола. Според новинарот Ди Марцио, Манчестер Сити е на чекор од активирање на неговата откупна клаузула од 60 милиони евра. Клаузулата истекнува наредната недела, па Сити е во трка со времето да ја активира клаузулата. Ова е добра вест и за неговиот поранешен клуб Динамо Загреб кој ќе добие 20 проценти од овој трансфер, односно 12 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.