February 25, 2025 | | Свет
Дарко Панчев очекувано и заслужено го доби своето место во историјата на Црвена Звезда, откако беше избран во најдобрата единаесетка на клубот на сите времиња. Во анкетата на „Моцартспорт.рс“, во која учествуваа десетици легенди на Ц. Звезда и Партизан, како и новинари од поранешна Југославија, Панчев се најде меѓу најдобрите, станувајќи единствениот Македонец кој се изборил за место во идеалните тимови на двата клуба. Не е изненадување што доби признание, ако се знае дека токму тој со гол во пенал-серијата во мај 1991 година во финалето на Купот на европските шампиони во Бари ѝ ја донесе титулата европски првак на Црвена звезда.
Ц. ЗВЕЗДА:
Беара, Михајловиќ, Белодедиќ, Станковиќ, Митиќ, Петровиќ, Стојковиќ, Шекуларац, Џајиќ, Савичевиќ, Панчев.
ПАРТИЗАН:
Шошкиќ, Јусуфи, Васовиќ, Зебец, Чајковски, Ковачевиќ, Милутиновиќ, Бобек, Вукотиќ, Мијатовиќ, Галиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |