Дарко Велковски конечно пронајде нов клуб

January 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дарко Велковски конечно пронајде нов клуб

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ја продолжува својата фудбалска приказна во унгарскиот прволигаш Ниреѓихаза Спартак. Клубот денеска официјално потврди дека го ангажира дефанзивецот, кој во првиот дел од сезоната беше без клуб.

„Унгарската лига е многу конкурентна, а Ниреѓихаза Спартак има извонредна инфраструктура. Ме воодушевија модерниот стадион и верноста на навивачите. Со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум за да му помогнам на тимот во постигнувањето на целите,“ изјави Велковски, додавајќи дека визијата на клубот и професионалноста на тренерскиот тим биле клучни за неговата одлука.
Велковски, кој има 29 години, потпиша договор со Ниреѓихаза до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката. Тимот моментално се наоѓа на осмата позиција во првенството и се стреми кон подобар пласман. Претходно, Велковски настапуваше за Динамо Букурешт, Ал Етифак, Ријека, како и за македонските клубови Вардар и Работнички, носејќи со себе големо искуство и квалитет во дефанзивната линија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.