August 13, 2025 | | Свет
Давид Алаба можно е да добие сосема нова улога во Реал Мадрид следната сезона, објави „Марка“. Австрискиот репрезентативец се појави како играч за врска на пријателскиот дуел со Леганес (4-1), откако влезе од клупата и одигра неколку минути во средниот ред. Ова не е непозната позиција за 33-годишниот фудбалер. Во времето кога го носеше дресот на Баерн Минхен, Алаба често настапуваше како играч од средината на теренот, а тогашен соиграч му беше сегашниот тренер на Реал – Чаби Алонсо. По доаѓањето во Мадрид, Австриецот беше користен главно како централен дефанзивец, иако првично пристигна како лев бек. Одлуката на Алонсо да го проба Алаба во средниот ред е поттикната од повеќе фактори – одличната форма на Асенсио, пристигнувањето на Хујсен и целосното опоравување на Милитао од повреда. Овие промени во дефанзивната линија му даваат на тренерот поголема флексибилност и можност да експериментира со составот. Минатата сезона Алаба ја помина речиси целосно надвор од терените поради тешка повреда, а се врати дури во завршните кола од Ла Лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |