Давид Бабунски специјален гостин на Манчестер Сити за мечот со Тотенхем! (ВИДЕО)

November 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Давид Бабунски специјален гостин на Манчестер Сити за мечот со Тотенхем! (ВИДЕО)

Давид Бабунски беше посебен гостин на Манчестер Сити пред дуелот со Тотенхем, натпревар кој ќе се одигра денеска од 18:30 часот. Причината за оваа чест е што Бабунски е еден од ретките играчи кој соработувал и со Пеп Гвардиола и со Анге Постекоглу. Под палката на Гвардиола соработуваа во Барселона каде Бабунски на млади години имаше можност да тренира со првиот тим, а со Постекоглу соработуваа во Јапонија кога тој беше тренер на Јокохама Ф. Маринос. Тој зборуваше за различните пристапи кои двајцата тренери ги имаат во работата, како и за страста за фудбалот. Ова претставува една голема чест и привилегија за македонскиот репрезентативец кој моментално настапува за Данди Јунајтед.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.