September 13, 2025 | | Свет
Финансиските проблеми на Австрија Клагенфурт прераснуваат во правна битка. Осум поранешни фудбалери, меѓу кои и македонскиот напаѓач Давид Тошевски, преку адвокати испратија официјално писмо до инвеститорот Јан Каратшија со барање да им бидат исплатени заостанатите плати. Своите побарувања ги потпишаа и Скај Шварц, Бен Бобзиен, Бего Кујраковиќ, Соломон Бонах, Кристофер Цветко, Симон Спари и Симон Штрауди, пренесува германскиот „Кикер“. Играчите поставиле рок – најдоцна до петок да бидат обештетени, во спротивно предметот ќе го предадат на австриската Бундеслига. Таквиот развој може да има сериозни последици за клубот: парични казни, ограничувања, одземање бодови, па дури и исклучување од првенството, во зависност од проценката на дисциплинските органи. Австрија Клагенфурт веќе извесно време се соочува со финансиски нестабилности, а ваквиот развој ја става иднината на клубот под уште поголем знак прашалник. Тошевски, кој во меѓувреме се раздели со клубот, моментално е слободен агент.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |