June 4, 2024 | | Свет
Де Бруине изјави дека понуда од Саудиска Арабија би можела да го привлече и да го напушти Манчестер Сити.
„Зборуваме за луда цифра и понекогаш мора да размислувате и за тоа. Ако таму играм две години, би можел да заработам огромна сума на пари, а претходно морав да играм 15 години фудбал и пак не би заработил онолку колку што можам да заработам тука“, изјави тој.
Неговиот договор истекува следното лето а по денешната изјава изгледа тој е прилично отворен за промена на својот клуб.
„За мојата сопруга Мишел, егзотичната авантура не е проблем. Ова се разговори што сѐ почесто ги водиме како семејство. Имам уште една година од договорот, па морам да размислам што би можело да се случи. Мојот најстар син сега има осум години и не знае за друго место освен Англија. Ме прашува и уште колку ќе играм за Манчестер Сити. Кога ќе дојде време, ќе треба да се справиме со тоа на одреден начин“, рече Де Бруине.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |