Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

May 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Кевин Де Брујне официјално го завршува своето поглавје со Манчестер Сити по цела деценија исполнета со успеси, трофеи и голем придонес за доминацијата на клубот во англискиот фудбал. Сепак, оваа сезона заврши горко за Сити – без ниту еден трофеј и со пораз во финалето на ФА Купот од Кристал Палас. Што се однесува до иднината на белгискиот плејмејкер, таа останува отворена. Иако е јасно дека си заминува од Сити, тој сè уште не донел конечна одлука каде ќе продолжи да игра. Чикаго Фајр (МЛС) и Наполи се меѓу заинтересираните клубови, но и понатамошен престој во Англија не е исклучен. Де Брујне нагласува дека одлуката нема да биде само фудбалска, туку и семејна. „Имам семејство, деца, морам да донесам одлука што ќе им одговара на сите.“ И покрај годините и повредите што го следеа во последните сезони, тој не планира да се откаже од фудбалот на високо ниво. „Сакам да играм добар фудбал, каква и да е одлуката.“ Во секој случај, каде и да оди, Де Брујне ќе остане запаметен како еден од најдобрите плејмејкери во модерниот фудбал и како легенда на Манчестер Сити. Периодов ќе биде клучен за тоа како ќе изгледа завршната фаза на неговата кариера.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.