May 2, 2025 | | Свет
Кевин Де Брујн го донесе Манчестер Сити до нова важна победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Сити со 1-0 беше подобар од Вулвс, а единствениот гол на натпреварот го постигна Де Брујн во 35. минута по убава акција и асистенција од Џереми Доку. Со оваа победа, Манчестер Сити ја продолжи серијата на добри резултати и сега е на третото место на табелата со 64 освоени бодови. Зад нив се Њукасл со 62, како и Челси и Нотингем кои имаат по 60 бодови. Овој натпревар е уште еден доказ за квалитетот на Кевин Де Брујн, кој иако го најави своето заминување од клубот по завршувањето на сезоната, продолжува да дава голем придонес на теренот. Фановите на Сити сигурно ќе го паметат како еден од најважните играчи во модерната историја на клубот.
🚨 GOAL! | Manchester City 1-0 Wolves | Kevin De Bruyne Kevin De Bruyne breaks the deadlock with a clinical finish to put City ahead! pic.twitter.com/iA48ZZvovG
— Confirmnews.ng (@terhemen56317) May 2, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |