Де Брујне откри кој статистички податок во фудбалот е бескорисен!

August 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Брујне откри кој статистички податок во фудбалот е бескорисен!

Кевин Де Брујне летово се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, ама од тоа не испадна ништо. Тој имаше 43 успешни додавања од 51 обид. Запрашан за ваквата статистика и во однос на тоа дали истата е лоша, тој рече дека статистичкиот податок точни додавања е многу бескорисен, особено ако подавањата се наназад. „Мислам дека 'успешно додавање' е најбескорисната статистика што постои. Можам да имам 96% точни додавања кои одат странично или наназад без да бидам опасен во играта. Тоа значи дека не сум направил ништо. Која е поентата?“, рече Де Брујне. На вчерашниот натпревар неговиот тим покажа квалитет и огромна зрелост и најавија зошто се фаворити за освојување на уште една Премиер лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.