Де Брујне преминува во Серија А!?

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Брујне преминува во Серија А!?

Според новинарот на „Скај Спортс“, Саша Таволиери, белгискиот фудбалски ас Кевин Де Брујне донел одлука за својата иднина и е подготвен да ја напушти Англија. Како што тврди Таволиери, Де Брујне го прифатил проектот на Наполи и дал дозвола да започнат официјални преговори. И покрај интересот од други европски клубови и високата плата што ја добива во Манчестер Сити, Де Брујне бил импресиониран од визијата на Антонио Конте и дополнително убеден од претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. „Белгиецот сака сè да биде договорено пред да замине на одмор“, пишува Таволиери. Договорот се очекува да биде на две години, со можност за продолжување уште една сезона. Иако Наполи не може да му ја понуди идентичната плата што ја заработува во Премиер лигата, двете страни се блиску до постигнување компромис. Ако трансферот се реализира, тоа ќе биде еден од најголемите потези на италијанскиот пазар ова лето и силен сигнал за амбициите на Наполи под водство на новиот тренер Конте.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.