Де Брујне сепак реши да остане во Сити, одби милион фунти неделно!

July 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Брујне сепак реши да остане во Сити, одби милион фунти неделно!

Кевин Де Брујне нема да го напушти Манчестер Сити летово. Според информациите на „Mirror“, тој ја одбил понудата на на Ал Итихад за плата од 1 милион фунти неделно. Најпрво самиот Де Брујне беше отворен каде во негова изјава претходно има кажано дека таму би заработил многу пари и дека постојат шанси да ја промени средината, но очигледно се предомислил, барем ова лето. Наводно, откако разговарал со сопругата, Кевин Де Брујне одлучил дека е најдобро да остане во актуелниот шампион на Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.