September 6, 2024 | | Свет
Кевин де Брујне упати жестоки критики до УЕФА и ФИФА поради густиот распоред на фудбалерите каде тоа особено ќе стане пракса со зголемениот број на натпревари во Лигата на шампионите, како и на крајот од сезоната во Светското клупско првенство каде и таму ќе има нов формат и ќе трае еден месец. Тој тврди дека на фудбалерите ваквото темпо им е напорно, но дека никој не се грижи за тоа. „Сезоните стануваат се подолги. Можеби оваа сезона е во ред, но календарот ќе биде уште покомплициран со СП 2026. Унијата на фудбалери бара решенија, но ништо не се менува. На УЕФА и ФИФА не им е гајле. Нив ги интересираат само парите“, изјави тој. За истиот проблем зборуваше и неговиот соиграч Бернардо Силва, а очигледно дека сѐ повеќе играчи го изразуваат своето незадоволство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |