August 3, 2024 | | Свет
Давид Де Хеа цела сезона помина како слободен агент и сеуште е во потрага по нов клуб каде по цели 12 години го напушти Манчестер Јунајтед. Иако се очекуваше тој брзо да најде нов клуб, сепак тоа не се случи. Главен проблем поради кој тој не може да најде нов клуб е големата плата која Шпанецот ја бара. Цифрата која тој ја бара е пет милиони евра по сезона. Во вакви околности, за секој клуб ќе биде ризик тој да биде ангажиран бидејќи неговиот натпреварувачки ритам е непознат. Ова барање на голманот е неприфатливо ниту за клубовите од Саудиска Арабија, а не па за екипите од Европа. Доколку Де Хеа не ги намали своите побарувања, ќе остане без клуб и наредната сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |