Де Хеа му се врати на фудбалот и веднаш прими три гола! (ВИДЕО)

August 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Хеа му се врати на фудбалот и веднаш прими три гола! (ВИДЕО)

Давид Де Хеа по една година му се врати на фудбалот потпишувајќи за Фиорентина. Тој потпиша договор на една сезона со опција за продолжување за уште една. После 447 дена тој пак бранеше, а успеа да прими дури три гола во дуелот на Фиорентина против Академија Пушкаш 3:3 во првата средба од баражот за пласман во групите во Конференциската лига. Тој уште од лани беше без клуб кога Јунајтед одлучи да не му понуди нов договор, а тој претходно рече дека му било тешко да продолжи веднаш со фудбалот после многуте години поминати во Јунајтед. Де Хеа мина 12 години во Јунајтед, каде што пристигна во 2011 година, како 21-годишен, од Атлетико Мадрид, за 25 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.