July 21, 2025 | | Свет
Легендарниот шпански голман Давид Де Хеа се присети на драматичниот преоден рок од пред речиси деценија, кога за малку ќе се преселеше во Реал Мадрид, но трансферот пропадна во последните мигови – наводно поради неисправен факс. Шпанскиот гигант силно го посакуваше голманот од Манчестер Јунајтед, кој и самиот бил заинтересиран за премин во Мадрид. По серија преговори, трансферот бил договорен во последниот ден од преодниот рок, но сè се распаднало буквално во последните минути. „На крајот од кариерата ќе кажам сè што се случи. Но мислам дека сето тоа беше судбина. Останав во Манчестер Јунајтед и таму минав прекрасни години“, рече Де Хеа. Манчестер Јунајтед тогаш тврдел дека не успеале навреме да ги испратат документите поради проблем со факсот, но јавноста беше скептична околу таквото објаснување. Иако зад себе остави силна кариера во Јунајтед, разделбата не беше пријатна. Клубот не му понуди нов договор, што го принуди Шпанецот на едногодишна пауза. Сега, Де Хеа е дел од Фиорентина, каде неодамна го продолжи договорот до 2028 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |