Де Хеа образложи зошто бил без клуб 13 месеци!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Хеа образложи зошто бил без клуб 13 месеци!

Давид де Хеа конечно му се врати на фудбалот откако потпиша за Фиорентина како слободен агент. Минатото лето му заврши договорот со Манчестер Јунајтед и оттогаш беше без клуб. Шпанецот рече дека му било тешко да најде мотивација по разделбата со клуб како Манчестер јунајтед, но решил да му се врати на фудбалот кога Фиорентина доставила понуда. „Никогаш не помислував за пензија. Едноставно ми беше тешко да најдам вистинска мотивација за ново поглавје во кариерата откако поминав 12 години во топ клуб како Манчестер јунајтед. Конечно го почувствував тоа кога Фиорентина тропна на мојата врата“, рече тој. Де Хеа вели дека имал многу понуди, но сакал да игра во Серија А. „Кога Фиорентина достави понуда, се беше многу лесно. Двете страни сакаа да се случи ова, па преговорите беа едноставни. Фиорентина беше најдобрата опција“, кажа Де Хеа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.