Де Хеа премногу бара: Пропаднаа преговорите за трансфер во Италија!

July 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Хеа премногу бара: Пропаднаа преговорите за трансфер во Италија!

Давид Де Хеа сè уште е без клуб откако лани како слободен агент замина од Манчестер Јунајтед кој не сакаше да ги исполни неговите барања и на негово место го донесе Онана од Интер. Иако е чудно ваков голман да нема клуб, една од причините зошто е тоа така се неговите високи барања за платата. Тој преговараше со Џенова каде почетните разговори поминале добро, но последните информации се дека и овие преговори пропаднале. Де Хеа помина 12 сезони со Манчестер Јунајтед, при што забележа 415 настапи за клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.