Де Лихт аматерски реагираше за голот на Џеко: ,,Морав подобро да изреагирам’’! (ВИДЕО)

September 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Лихт аматерски реагираше за голот на Џеко: ,,Морав подобро да изреагирам’’! (ВИДЕО)

Холандија оствари победа од 5-2 против Босна каде и покрај победата дефанзивата не беше на висината на задачата каде особено се истакна еден момент во натпреварот. Имено, Де Лихт направи аматерска грешка за голот на Един Џеко каде при центаршутот во шеснаесетникот на Холандија, стоперот на Манчестер Јунајтед мислеше дека позади него нема фудбалер и дека таа топка е за голманот, но позади него беше Един Џеко кој само ја смести топката во голот. „Навистина не знам што ми се случи, требаше да ја исфрлам топката ида тргнам кон неа. Морав да бидам подобар при нивниот втор гол и јас го знам тоа. Не знам дали ова е пропуштена шанса за мене, времето ќе покаже за тоа. Јас секогаш се обидувам да го давам најдоброто, без оглед на околностите и противникот кој е на спротивната страна“, изјави Де Лихт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.