Дебакл на Интер кај Фиорентина, Наполи се одлепи на плус три! (ВИДЕО)

February 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дебакл на Интер кај Фиорентина, Наполи се одлепи на плус три! (ВИДЕО)

Фиорентина приреди големо изненадување совладувајќи го Интер со убедливи 3:0 во дуел од 14. коло, кој претходно беше прекинат поради колапсот на Едуард Бове на теренот. Натпреварот продолжи денес од 15. минута, а во првиот дел Интер имаше иницијатива и поголем посед на топката. Карлос Агусто ја затресе мрежата на домашните, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Во вториот дел, Интер уште повеќе ја контролираше играта, но тоа не донесе резултат. Фиорентина ја искористи својата шанса и со головите на Раниери во 60. минута и Кин во 68. минута стигна до 2:0. Кин во завршницата постигна уште еден гол, поставувајќи ги конечните 3:0. Со оваа победа, Фиорентина се искачи на четвртата позиција со 42 бода, прескокнувајќи ги Јувентус и Лацио. Интер остана втор со 51 бод, додека лидер е Наполи со три повеќе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.