September 29, 2024 | | Свет
Тотенхем убедливо го совлада Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3-0 каде стрелци беа Бренан Џонсон, Кулушевски и Соланке. Уште во 3. минута Тотенхем успеа да постигне гол каде Ван де Вен се прошета во одбраната на домаќините и прекрасно го пронајде Бренан Џонсон кој погоди за 0-1. Во 20. минута Џонсон можеше да ја дуплира предноста, но ја погоди стативата. Две минути подоцна Зиркзе имаше шанса да израмни, но Викарио беше сигурен. Вернер промаши ситуација еден на еден со Онана во 39. минута каде буквално можеше да бира каде ќе шутира. Во 42. минута следуваше тотален шок за Манчестер Јунајтед бидејќи Бруно доби црвен картон поради стартот врз Медисон. Првите впечатоци се дека овој црвен картон е претеран и дека стартот не беше толку опасен, но судијата Крис Кавана мислеше друго, а ваквата одлука беше потврдена и од ВАР собата. Само што започна второто полувреме, Тотенхем преку Кулушевски ја дуплираше предноста. Потоа, Тотенхем се повлече и Јунајтед се обиде да го смали негативниот резултат, но безуспешно. Победата ја потврди Соланке во 78. минута кога од корнер центрираше Бервал, топката дојде до Сар кој му асистираше на напаѓачот. Ова е трета победа за Тотенхем сезонава во првите шест кола каде сега имаат 10 бодови, а Јунајтед веќе има три порази и има само седум бодови.
BRUNO RED CARD FOR THIS????? HAHAHAHAH!!! GAME IS GONE!! 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/xBGEDoovfV
— UF (@UtdFaithfuls) September 29, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |