September 9, 2025 | | Свет
Иако селекторот Драган Стојковиќ – Пикси пред натпреварот најави можна победа над фаворитот, репрезентацијата на Србија доживеа тежок пораз од Англија со убедливи 0-5 пред своите навивачи на стадионот „Рајко Митиќ“. Ова е најтешкиот пораз во историјата на Србија на домашен терен. Пикси избра дефанзивна тактика, но „автобусот“ пред голот на Петровиќ издржа само до 33. минута кога Хари Кејн со глава го отвори резултатот. Веќе две минути подоцна Мадуеке зголеми на 0-2 и практично го реши победникот. Во вториот дел Англичаните целосно доминираа и преку Конса, Гуел и Рашфорд (од пенал) ја запечатија високата победа. Дополнителен удар за Србија беше и црвениот картон на Миленковиќ во 72. минута. Историски резултат се забележа и во Осло, каде Норвешка ја декласира Молдавија со 11-1. Херој на натпреварот беше Ерлинг Халанд со пет голови, додека Асгард постигна четири. По еднаш се запишаа и Одегард и Мире.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |