October 11, 2024 | | Свет
Јирген Клоп од први јануари ќе биде одговорен или глобален шеф на тимовите по покривителство на компанијата Ред Бул. Германецот ќе ги ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Салцбург, Лајпциг, Њујорк и бразилски Брагантино) по голем број на прашања како филозофија на игра, трансфери, тренери, развој и младинска школа. Исто така, во договорот има и опција со која може да ја напушти новата работа за во иднина потенцијално да стане селектор на германската репрезентација, која моментално ја води Јулијан Нагелсман. Покрај тоа што новинарот Флоријан Плетенберг прв ја објави оваа информација, тој сега откри и колкава плата ќе зема Клоп во Ред Бул. Станува збор за сума помеѓу 10 и 12 милиони евра годишно. Новинарот додава дека тренерската работа во моментов не е опција за него, а позицијата за да стане селектор на Германија во иднина сепак останува опција. Потврдено е и дека договорот е долгорочен, но и дека Ред Бул нема да му прави никакви проблеми ако пристигне конкретна понуда до Клоп за одредена тренерска позиција во иднина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |