Деби и гол за Олмо, Барселона го совлада Рајо Ваљекано! (ВИДЕО)

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Деби и гол за Олмо, Барселона го совлада Рајо Ваљекано! (ВИДЕО)

Барселона успеа да слави на тешкото гостување во Мадрид каде ја подобри играта во второто полувреме и успеа да го совлада незгодниот Рајо Ваљекано. Унаи Лопез беше стрелец за домаќините во 9. минута каде имаа предност на полувремето. Во второто полувреме веднаш влезе Олмо, а во 60. минута Педри постигна гол на асистенција на Рафиња.

Како да беше судено Олмо да постигне гол на своето деби и тоа решавачки во 82. минута а асистент беше Ламин Јамал. Во наредното коло Барса ќе го дочека Ваљадолид, а Ваљекано ќе гостува кај Еспањол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.