July 31, 2024 | | Свет
Барселона го имаше првиот посериозен тест во пред сезоната во дуелот против Манчестер Сити. Резултатот беше нерешен 2:2, а Барселона беше подобра на пенали со резултат 4:1. Головите за Барселона ги постигнаа Пау Виктор во 24 минута и Пабло Торе во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме, за Манчестер сити Нико О’Рајли во 39 минута и Џек Грилиш во 60 минута. Во пенал серијата за Барселона погодија Роберт Левандовски, Тони Фернандез, Ноа Дарвич и Алехандро Балде, а кај Сити погоди само Ахмет Фатах. Наредните натпревари на Барселона се против Реал Мадрид, Милан и Монако. Сити пак ќе се сретне со Челзи, а на 10. август ќе игра против Јунајтед за трофејот на ФА Комјунити Шилд а недела дена после тоа ќе започне нивниот поход во Премиер лигата. Манчестер Сити одигра три натпревари досега во пред сезоната а сеуште немаат победа. Претходно, изгубија од Милан и Селтик.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |