Дејвис се договорил со Реал Мадрид

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дејвис се договорил со Реал Мадрид

Алфонсо Дејвис наводно донел конечна одлука дека оваа сезона во Баерн Минхен ќе му биде последна и дека по завршувањето на сезоната, бесплатно ќе премине во Реал Мадрид, пренесува „Relevo“. Во Баерн Минхен Дејвис пристигна во 2019 година и се наметна како еден од најдобрите леви бекови во светот. Играјќи за германскиот гигант, освои пет титули во Бундеслигата, една во Лигата на шампионите, Светско клупско првенство, два пати Германски Куп, еден УЕФА Супер Куп, како и во три наврати германски Супер Куп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.