Дејвис се разочарал од Реал Мадрид: Арогантно се однесувале

January 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дејвис се разочарал од Реал Мадрид: Арогантно се однесувале

Алфонсо Дејвис одлучи да ја продолжи својата иднина со Баерн Минхен, потпишувајќи нов договор кој ќе го задржи во бундеслигашот уште неколку сезони. Канадскиот репрезентативец, кој долго време беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, на крајот го одбра Баерн, каде што ќе добие значително подобри финансиски услови. Шпанската Marca открива дека причините за неуспешниот трансфер во Реал Мадрид лежат во односот на клубот кон Дејвис. Имено, фудбалерот очекувал да биде купен минатото лето, но Реал се повлекол поради високата трансфер сума и подобрената форма на Ферлан Менди. Овој потег го оставил Дејвис во неизвесност и го натерал да се чувствува изневерен, бидејќи раководството на Реал го оставило „на чекање“. И покрај сите шпекулации, пресвртот во оваа сага се покажа како идеален за Баерн Минхен. Пред само шест месеци, клубот не можеше да очекува вакво позитивно сценарио, но сигурно го посакуваше. На крајот, Дејвис ја донесе својата одлука – да остане во клубот каде што е почитуван и каде што се чувствува посигурно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.