Деклан Рајс: Очајно сакаме трофеј, ќе се вратиме посилни

May 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Деклан Рајс: Очајно сакаме трофеј, ќе се вратиме посилни

Арсенал синоќа го заврши својот пат во Лигата на шампионите, елиминиран од Пари Сен Жермен со вкупен резултат 3:1. Еден од најразочараните по натпреварот беше играчот за врска на „топчиите“, Деклан Рајс, кој не ја криеше болката по уште една неостварена цел. „Играме фудбал за трофеи, за моменти што се паметат. Овојпат не успеавме и тоа боли. Бевме блиску, се боревме до крај, но тоа не беше доволно. Сите ние во соблекувалната го чувствуваме товарот, знаеме што значи Арсенал и што очекуваат навивачите“, изјави Рајс. Тој ја нагласи и вербата во тимот, и покрај поразот. „Многу големи имиња и ѕвезди изгубиле пред да стигнат на врвот. Ова е дел од нашиот пат. Сакавме да бидеме во Минхен, но нема да се откажеме, ќе се вратиме посилни, решителни да направиме повеќе.“ За Арсенал оваа сезона беше полна со подеми и надеж, но сепак ќе заврши без трофеј – нешто што сигурно ќе остане како голема мотивација за следната година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.