September 11, 2024 | | Свет
Барселона со месеци се обидуваше да го донесе Нико Вилијамс, некои тврдеа дека тие не можеле да му дадат гаранции дека ќе го регистрираат, други тврдат дека лично тој под притисок на своите блиски одлучил да остане. Сепак спортскиот директор Деко даде интересна изјава во која можеби многумина не би поверувале. „Не го потпишавме, бидејќи на таа позиција ги имаме Рафиња, Феран, Ансу, Ламин, тука се и Фермин и Олмо кои можат да помогнат. Дани Олмо ни дава многу повеќе опции отколку било кој друг крилен напаѓач“, рече тој. Откупната клаузула на Нико Вилијамс е 58 милиони евра каде со одредени трошоци трансферот ќе чини околу 62-63 милиони евра. Претходните денови беше пренесено дека Барселона наводно се нема откажано од Вилијамс и дека следното лето пак би можеле да тргнат по него.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |