September 13, 2024 | | Свет
Ламин Јамал е вистинска сензација во светскиот фудбал каде со своите 17 години игра на неверојатно високо ниво и веќе е клучен играч и за Барселона и за Шпанија. Светот прв пат го забележа во дресот на Барселона, а тој стана уште популарен на ова Европско првенство каде одигра неверојатен турнир и беше избран за најдобар млад играч. Сезонава веќе има еден гол и четири асистенции на четири натпревари. За него зборуваше и спортскиот директор на Барселона Деко кој му даде огромна поддршка и образложи зошто Јамал е посебен. „Повеќе од неговиот технички талент, Јамал е многу силен од ментална гледна точка. Тоа е она што го издвојува од другите. Не ја чувствува тежината на претставувањето на Барса и репрезентацијата на големата сцена. Тој би играл за најдобрите тимови на Барса во историјата“, изјави тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |