August 22, 2024 | | Свет
Сѐ поизвесно е дека Нико Вилијамс ќе остане во Атлетик Билбао и нема да и се придружи на Барселона. Спортскиот директор на Барселона, Деко беше запрашан од страна на навивач на Барселона околу целата ситуација со Нико, а конверзацијата ја пренесе новинарот Виктор Наваро. Навивачот го запрашал Деко дали Нико ќе дојде на што Деко одговорил: „Јас сакам да дојде, ама тој не сака да го направи тоа“, рекол Деко. Деко бил запрашан и дали ќе дојдат нови засилувања на што одговорил потврдно. Барселона засега ги донесе само Пау Виктор и Дани Олмо, а последните неколку денови се посвети на продажба на фудбалерите, но и на раскинување на договорот во случајот на Гундоган кој бесплатно ќе се врати во Сити.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |