December 5, 2024 | | Свет
Спортскиот директор на Барселона, Деко, денеска беше во Леверкузен, каде одржа средба со Џонатан Тах и неговите агенти. Според извори од клубот, двете страни биле задоволни од дискусиите, што отвора можност за успешен договор. Барселона продолжува да се соочува со ограничени ресурси на трансфер пазарот, но тоа не ги спречува да се насочат кон стратегија за доведување фудбалери без да платат отштета. Еден од кандидатите на кои имаат фокус е Џонатан Тах, дефанзивецот на Баер Леверкузен, кој ги одработува последните месеци од својот договор и кој летоска ќе стане слободен играч. Последните информации говорат дека Деко остварил продуктивна средба со германскиот репрезентативец и неговите агенти. Ако преговорите продолжат во позитивна насока, Барселона би можела да ја добие конкуренцијата и да го доведе Тах како засилување за следната сезона. Тој би им бил потребен особено ако по завршувањето на сезоната замине некој од Андреас Кристенсен, Ерик Гарсија или Иниго Мартинез.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |