Деко замина на Ибица за директно со Флик да преговараат лично со Нико Вилијамс

June 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Деко замина на Ибица за директно со Флик да преговараат лично со Нико Вилијамс

Спортскиот директор на Барселона, Деко, попладнево слета на Ибица каде што во наредните денови ќе води клучни разговори во насока на ангажманот на Нико Вилијамс, ѕвездата на Атлетик Билбао и приоритетна цел за летниот преоден рок. Вилијамс, кој важи за еден од најдинамичните офанзивци на шпанската сцена, веќе од минатата недела е во фокусот на каталонскиот клуб, откако неговиот агент оствари првични контакти со раководството на Барселона. Сега, Деко лично ја презема операцијата и доаѓа на Ибица со задача да ги забрза и финализира преговорите. Според извори блиски до клубот, на островот се очекува Деко да се сретне не само со Нико Вилијамс и неговиот агент, туку и со тренерот на Барса, Ханси Флик, со цел да се координираат спортската стратегија и планот за вметнување на играчот во тимот. Сепак, за да го реализира овој трансфер, Барселона ќе мора да ослободи финансиски простор, што значи дека најмалку еден важен играч ќе мора да биде продаден. Засега не е прецизирано кој би можел да биде „жртвуван“, но јасно е дека клубот е под притисок на финансискиот фер-плеј и мора да делува внимателно. Иако преговорите се во чувствителна фаза, присуството на Деко на теренот покажува сериозна решеност – Нико Вилијамс е на врвот на листата на желби, а Барселона ќе се обиде да го обезбеди неговиот потпис уште пред почетокот на новата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.