July 7, 2024 | | Свет
Франција се пласираше во полуфиналето каде ќе се сретне со Шпанија, а има критики за тоа како француската репрезентација игра и на кој начин стигна до пласман меѓу четирите најдобри селекции. За бледата игра беше запрашан и Усман Дембеле кој луто реагираше на коментарот дека играат лошо. „Ако не ви се допаѓа како играме, тоа е ваш проблем, можете да не нè гледате. Ако реално ги погледнете работите, ќе согледате дека не е се така негативно. Создававме многу шанси, а реализацијата недостигаше. И покрај тоа, зарем не стигнавме до полуфинале?“, изјави Дембеле. Франција во вторник ќе игра против Шпанија во Минхен и тоа ќе биде првото полуфинале на ова Европско првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |