June 30, 2025 | | Свет
По убедливата победа на ПСЖ против Интер Мајами со 4-0 во осминафиналето на Светското клупско првенство, играчите на европскиот шампион беа во потрага по сувенирите на Лионел Меси.
Усман Дембеле, кој беше во одлично расположение по триумфот, на социјалните мрежи се пофали дека буквално го „соблекол до кожа“ Меси. Не само што разменил дрес со него, туку си заминал и со неговите шорцеви и копачки.
„Многу ми е мило што те видов повторно, Лео ти си најдобриот на сите времиња… Се надевам дека ќе продолжиш да испишуваш историја со Интер Мајами, како што тоа го направи и на ова Светско клупско првенство“ – гласеше објавата на Французинот.
Иако мечот беше еднонасочна улица и ПСЖ безмилосно го надигра американскиот клуб, за многу од играчите на „светците“ ова беше ретка шанса да се стекнат со вредни спомени од легендарниот Меси.
Ашраф Хакими прв се избори за дресот, веднаш по последниот свиреж, но Дембеле беше уште поистраен – и уште подетален во „размената“. Французинот веќе подолго време е добар пријател со Меси, па веројатно токму тоа му овозможи да си замине со цела „комплетна опрема“ на аргентинската ѕвезда.
Усман Дембеле подоцна со стори на Инстаграм се пофали дека го оставил Лео Меси по гаќи – му го земал и дресот и шорцевите и копачките.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |