Дембеле: Ќе одам во пензија на 34 години, па ќе си отворам бизнис

November 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дембеле: Ќе одам во пензија на 34 години, па ќе си отворам бизнис

Планот на фудбалерот на ПСЖ Усман Дембеле е да игра фудбал уште цели седум години, а потоа да отвори бизнис со недвижнини. „Сакам да се пензионирам на 34 години. Потоа сакам да се впуштам во бизнисот со недвижнини. Ќе инвестирам во Африка, во Франција…“, рече Дембеле. Сезонава за ПСЖ има пет гола и седум асистенции на 13 одиграни натпревари, а во својата кариера играше уште за Рен, Дортмунд и Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.