Дембеле шести Французин со „Златна топка“

September 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дембеле шести Французин со „Златна топка“

Осман Дембеле, вчера стана шестиот Французин кој ја освоил престижната награда „Златна топка“. Првиот Французин со ова признание беше Рајмонд Копа во 1958 година. Потоа, во 80-тите години, Мишел Платини ја освои наградата трипати по ред – во 1983, 1984 и 1985. Во 1991 година најдобар беше прогласен Жан-Пјер Папен, а седум години подоцна, во 1998, трофејот му припадна на Зинедин Зидан. Последен пред Дембеле кој ја освои „Златната топка“ беше Карим Бензема во 2022 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.