September 23, 2025 | | Свет
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, е најновиот освојувач на престижната награда „Златна топка“. На свеченоста Французинот не можеше да ги задржи емоциите кога дојде редот да се заблагодари на најблиските. „На крајот сакам да му се заблагодарам на целото семејство, на мајка ми…“, рече Дембеле, по што солзите го совладаа. „Секогаш беа тука за мене, ме поддржуваа и во тешките моменти.“ Тој додаде благодарност и за својот агент: „Секогаш веруваше во мене и ме мотивираше. Ми рече дека еден ден ќе ја освојам Златната топка.“ На крајот Дембеле се осврна и на својот најдобар пријател: „Последните четири или пет години направивме сè заедно. Ме следи секаде и знам дека до крајот на животот ќе бидеме заедно.“
Matters as well 🥺🌕 #ballondor pic.twitter.com/Jsxpl5QV9d
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |