Демирал може да биде суспендиран поради политичка скандалозна прослава!

July 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Демирал може да биде суспендиран поради политичка скандалозна прослава!

Демирал беше херојот на Турција и ја однесе во четвртфиналето каде ќе се сретнат со Холандија. Тој ги постигна и двата гола за Турција каде со 2:1 ја совладаа Австрија. Но, тој имаше прослава која може да го чини суспензија. Имено, тој славеше со „волчји поздрав“, тоа е симбол на турските десничкарски есктремисти кои веруваат во супериорна турска раса и обединување на сите турски народи во една држава, односно создавање на царство од Балканот па се до Кина. „Начинот на кој го прославив голот е поврзан со мојот турски идентитет и затоа го направив тој гест. Гледав луѓе на трибините кои славеа на ист начин, не постои скриена порака. Сите сме Турци, многу сум горд на тоа“, кажа Демирал. Најверојатно УЕФА ќе покрене истрага поради гестот на Демирал, а можна е и суспензија поради која нема да настапи во четвртфиналето против Холандија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.