September 18, 2024 | | Свет
Денеска на програмата се нови шест натпревар од првото коло во Лигата на шампионите. Најинтересен дуел се очекува да биде Манчестер Сити кој на „Етихад“ ќе го дочека Интер. И двата тима сезонава немаат порази, а Сити е апсолутен фаворит за вечерашниот дуел на чело со роботот Халанд кој веќе има девет гола во првите четири натпревари. Последен дуел на овие два тима беше во ланското финале на Лигата на шампионите каде Сити славеше минимално со голот на Родри при што дојдоа до првата титула во својата историја во ова натпреварување. Друг интересен дуел може да биде помеѓу ПСЖ и Џирона каде се очекува и нашиот Бојан Миовски да добие минутажа на „Паркот на принцовите“. Распоред за вечерашните дуели: Болоња – Шахтјор 18.45 Спарта Прага – Салцбург 18.45 Селтик – Слован Братислава 21.00 Бриж – Борусија Дортмунд 21.00 Манчестер сити – Интер 21.00 ПСЖ – Џирона 21.00
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |