October 8, 2024 | | Свет
Денеска раководството на Манчестер Јунајтед ќе одлучува за тоа дали Ерик Тен Хаг ќе добие отказ, или сепак ќе продолжат да му веруваат, пренесува „The Guardian“. Одлуката ќе ја донесат Џим Ретклиф, директорот за фудбалски операции Омар Берада, спортскиот директор Ден Енсворт и техничкиот директор Џејсон Вилкокс. Ако Тен Хаг добие отказ, опција за привремено решение ќе биде Руд Ван Нистерлој кој во моментов е негов асистент. Јунајтед има само осум бода во првите седум натпревари, а тоа е најлош старт на сезоната во историјата на клубот во Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |