February 8, 2025 | | Свет
Мемфис Депај доби четиримесечна условна затворска казна поради возење во алкохолизирана состојба, а покрај тоа ќе мора да плати и парична казна од 9.000 евра. Дополнително, на поранешниот холандски репрезентативец му е одземена возачката дозвола на период од две години. Инцидентот се случил во август минатата година кога Депај бил запрен од полицијата додека се враќал од ноќен клуб, а тестовите покажале присуство на 1.01 промили алкохол во крвта. Фудбалерот се огласи во јавноста и упати јавно извинување. „Сакам да се извинам. За време на летниот одмор во Монако направив грешка – возев под дејство на алкохол, наместо да повикам такси. Преземам целосна одговорност за моето однесување и ова дефинитивно ќе биде лекција која ќе ја запаметам. Ќе бидам подобар во иднина“, изјави тој. Моментално, Депај е член на Коринтијанс во Бразил, но не е во најдобра форма – на последните пет натпревари запиша само една асистенција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |