June 21, 2024 | | Свет
Со почеток од 21:00 часот ќе се одигра дерби натпреварот во групата Д меѓу Холандија и Франција. Како фаворити за вечерва се сметаат Французите иако ова ќе биде неизвесен натпревар. Сите се заинтересирани за тоа дали Мбапе ќе успеа да заигра вечерва. Тој се очекува да биде достапен, и покрај тоа што го скрши носот во воведната победа над Австрија со 1-0. Менаџерот Дидие Дешамп вчера потврди дека состојбата на Мбапе е значително подобрена по сударот со Австриецот Кевин Дансо. Мбапе тренира со специјално направена заштитна маска, која ја испроба во четвртокот. Дешам пак остана цврсто отворен за деталите за маската. „Килијан Мбапе ќе носи маска. Да, навистина не треба да ги знаете деталите за оваа маска“, вели Дешамп. Францускиот тим е подготвен во последен момент да чека за да донесе одлука за учеството на Мбапе, само четири дена по неговата повреда. Што се однесува до Холандија, тие остварија тешка победа против Полска во првото коло со резултат од 2-1. Победата против Полска ја донесе Вегхорст кој би можел од првата минута да го замени Депај кој не блескаше.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |