Дешамп го брани Мбапе: Може да прави што сака ако клубот му дал слободен ден

October 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дешамп го брани Мбапе: Може да прави што сака ако клубот му дал слободен ден

Периодов јавноста во Франција зборува за однесувањето на нивниот капитен Килијан Мбапе кој не е дел од селекцијата на оваа репрезентативна пауза, а во исто време беше забележан по ноќни клубови. Првично селекторот Дидие Дешамп не го повика мислејќи дека е повреден, а во исто време Мбапе играше за Реал Мадрид. Токму Дешамп беше запрашан за тоа што мисли околу информацијата дека Мбапе бил во ноќен клуб во Шведска. „Тој ја следи програмата на својот клуб, така што не знам дали бил излезен, дали смее или не да направи такво нешто. Ние се занимаваме со оние кои се во националниот тим, но можам да кажам дека Мбапе ми испрати порака во пресрет на дуелот со Израел. Ако еден фудбалер добил слободен ден од својот клуб, може да прави што сака“, изјави Дешамп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.