January 8, 2025 | | Свет
Дидие Дешамп реши да ја напушти француската фудбалска репрезентација по Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Дидие Дешан ќе ја образложи својата одлука во претходно снимено интервју, кое ќе се емитува на француската телевизија „TF1“ во 13:00 часот. Некогашниот играч за врска ја презеде селекторската функција во 2012 година, по завршувањето на Европското првенство и повлекувањето на Лоран Блан. Со речиси 14 години на кормилото на репрезентацијата, Дешан стана тренер со најдолг стаж во историјата на францускиот национален тим. Според Le Parisien, Зидан е главен кандидат за селекторската позиција, и би било изненадување ако не ја преземе оваа улога. Зидан досега го има водено само Реал Мадрид, а веќе подолго време се шпекулира дека неговата најголема амбиција е да го предводи францускиот национален тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |