November 7, 2024 | | Свет
Килијан Мбапе имаше желба да биде на следниот репрезентативен собир на Франција, но Дидие Дешам одлучи сепак да не го повика. Селекторот откри дека Мбапе сакал да биде дел од репрезентацијата, но тој решил да му даде простор на напаѓачот на Реал да одмори. „Имав неколку разговори со Мбапе и донесов ваква одлука. Сметам дека вака е подобро за него. Не станува збор за неспортски проблеми“, кажа Дешам. Франција ќе одигра два натпревари, едниот на 14. ноември против Израел, а другиот на 17. ноември против Италија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |