„Детето“ на Челзи одлучи: Ќе игра во Атлетико Мадрид!

August 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Детето“ на Челзи одлучи: Ќе игра во Атлетико Мадрид!

Конор Галагер конечно донесе одлука за својата иднина и реши да се пресели во Атлетико Мадрид. Тој ќе потпише договор на пет години, а трансферот ќе изнесува 40 милиони евра. Тој два пати одби да го продолжи договорот со Челзи, а очигледно заклучил дека не е во прв план на тренерот Мареска. Се очекува денеска и формално да биде реализиран трансферот, а Галагер имаше рок до крајот на викендот да донесе одлука. Галагер е дете на Челзи а со неговиот стил на игра би можело да се претпостави дека лесно би требало да се адаптира во тимот на Симеоне.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.