Детето на Јунајтед на големо преговара со Барселона

May 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Детето на Јунајтед на големо преговара со Барселона

Барселона е пред нов голем трансфер, откако шпанските медиуми открија дека клубот планира наскоро да испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец веќе ја изразил својата желба да ја продолжи кариерата во дресот на новиот шпански шампион, а контактите меѓу двете страни веќе се воспоставени. Реномираниот новинар Фабрицио Романо објави дека менаџерите на Рашфорд имале состанок со управата на Барселона, што дополнително ги засили шпекулациите за трансферот. Рашфорд минатата сезона настапи на 41 натпревар во сите конкуренции за Манчестер Јунајтед, при што постигна 11 голови и забележа девет асистенции. Иако сезоната беше променлива за „црвените ѓаволи“, 26-годишниот офанзивец останува еден од највредните играчи на пазарот. Јунајтед го продава за сума од 40 милиони фунти, а се претпоставува дека Барселона има за цел да го ангажира на позајмица со опција за откуп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.